Monday , February 24 2020
Home / Latest Articles / WRC: Започна Рели Германија!

WRC: Започна Рели Германија!

Овој викенд на календарот од Светскиот рели шампионат на ред е 10-тата рунда, Рели Германија…

Лидерот во генерелан пласман кај возачите От Танак веднаш се најде во водство после првиот брзински испит, пред Дани Сордо. Првиот брзински испит беше поразличен од останатите досега, со тоа што ова беше вистински брзински испит, за разлика од традиционалните стартови од центар на град или во стил на суперспецијални брзинци.

Танак (Toyota), кој овде вози со изменето задно крило, постави најбрзо време на првиот брзинец (2:39.4), при што се најде на водечката позиција откако стартуваше како последен од WRC автомобилите. Единствен кој можеше да му парира беше Дани Сордо (Hyundai) на кого ова му е прво излегување после победата на Рели Сардинија.

Себастиен Ожие (Citroen) доцнеше 0.9 секунди, а се најде пред Тиери Невил (Hyundai) кој беше четврти. Топ петте ги заокружи Крис Мик (Toyota) кој заостана за 1.4 секунди позади Танак, додека третиот Yaris на Латвала беше шести најбрз. Позади него на седмата позиција се најде Тему Сунинен, пред Есапека Лапи на осмата позиција, додека Андреас Микелсен и Гас Гринсмит ги комплетираа топ 10те.

Такамото Катсута се најде на 11тата позиција како последен од WRC автомобилите, додека Кал Ровенпера се најде на 12тата позиција како прв од WRC2 автомобилите, кој овој пат повторно оди на победа.

Погледнете ги најинтересните моменти преку видео материјалот кој следи:

Check Also

WTCR: Најавени се големи промени во Светскиот туринг куп

Организацијата на Светскиот туринг куп најави промени во ова натпреварување за една цел, намалување на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *