Wednesday , October 17 2018
Home / Автомобилизам / WRC: Започна Рели Корзика, Ожие најбрз на шејкдаунот; Што е ново на ова рели? (ВИДЕО)

WRC: Започна Рели Корзика, Ожие најбрз на шејкдаунот; Што е ново на ова рели? (ВИДЕО)

Оваа година насловено како  CHE GUEVARA ENERGY DRINK TOUR DE CORSE, Рели Корзика е познато по асфалтната подлога и познатите тесни и кривулести планински патишта низ целиот остров.

Сервис паркот се наоѓа на аеродромот Бастиа, од каде што започна денешната церемонија и шејкдаун. Утре (петок), започнува вистинската акција со два брзинсци близу до главниот град на островот кои ќе се возат два пати. Во меѓувреме нема да има сервис парк, туку само кратко менување на гуми во Портичио. Во сабота започнува најдолгиот ден од викендот во кој се возат 131.92 километри. Во недела се очекуваат само два теста, но првиот е во должина од 53.78км. Предизвикот е голем, со тесните патишта и карпест предел од едната страна додека од другата страна е морето, делејќи ги возачите со мали банкини и заштитни столбчиња.

Исто така предизвик ќе биде и рапавиот асфалт кој логички е да ги троши повеќе гумите, а исто така поголемиот дел од тимовите не го возеле ова рели па затоа ќе мораат да направат целосно нови забелешки, а да не споменуваме дека тесните патишта не дозволуваат ниту најмала грешка, бидејќи истата ќе чини многу. Суспензијата на автомобилити мора да биде пониска поради стабилност и подобрен баланс, а различните карактеристики на иста група на брзински испити значи дека подесувањето на автомобилот секогаш е компромис.

Ново оваа година е тоа што датумот на релито е сменет од септември во април, а исто така и брзинските испити се скратени за да се редуцираат натпреварувачките километри на 316.76км.

Но да се вратиме на шејкдаунот. Себастиен Ожие најави втора победа по ред на ова рели со поставување на најбрзо време. Поазади него е Хејден Педон во фабричко Hyundai за 0.6 секунди, додека трет беше победникот од Мексико Крис Мик. Како четврти најбрз беше Јари-Мати Латвала кој беше еден од четирите различни производители на првите четири места. Тиери Невил ги пополни топ 5-те возачи, пред От Танак и третото Hyndai на Дани Сордо. Крег Брин се врати во WRC категоријата и го започна релито солидно на осмата позиција, додека топ 10-те ги заокружија Елфин Еванс и Стефан Лефебвре. Утре (петок) акцијата започнува во 09:22 по локално време со првиот брзински испит SS1 Pietrosella – Albitreccia 1.

Погледнете го видеото подолу:

Check Also

Филип Василевски после Скопски Круг: Победата e послатка со проблеми!

Македонскиот возач Филип Василевски кој е познат по неговата пожртвуваност, успеа да дојде до тешка …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *