Monday , March 30 2020
Home / Latest Articles / WRC: И покрај победата во Мексико, Ожие категоричен: „Не требаше да се одржи Рели Мексико“

WRC: И покрај победата во Мексико, Ожие категоричен: „Не требаше да се одржи Рели Мексико“

Победникот на Рели Мексико Себастиен Ожие изјави дека оваа рунда воопшто не требало да се одржи поради глобалната пандемија.

Иако Ожие дојде до прва победа во новиот тим на Toyota, тој не беше расположен поради одржувањето на релито. Во неделата организаторот откажа три брзински испити за да би можеле тимовите да стигнат на време пред забраната за летање, што јасно се гледа дека Рели Мексико се одржа на сила.

Ожие го изрази своето незадоволство за одржувањето на Рели Мексико исто така во четвртокот на стартот, земајќи ги во предвид откажаните тркачки викенди во F1, IndyCar и NASCAR серијата.

„Според мене ова рели воопшто не требаше да се одржи. Ништо не е поважно од човечкиот живот, а мојот страв овој викенд беше тоа што би можеле нашите Мексикански пријатели да ги ставиме во опасност. Се извинувам што не можевме да се дружиме со фановите кои се секогаш расположени за акција, но потребните заштитни мерки моравме да ги почитуваме.“ изјави Ожие.

Сепак Рели Аргентина кое треба да се одржи од 23 до 26 април, официјално е откажано.

Check Also

Агрегати што „вртат“ до 20.000 вртежи (ВИДЕО)

Во светот на атмосферските агрегати единствен начин да ја подигнете силата на вашиот автомобил или …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *