Saturday , September 19 2020
Home / Latest Articles / WRC: И покрај страхувањето од откажување, Рели Шведска ќе се одржи

WRC: И покрај страхувањето од откажување, Рели Шведска ќе се одржи

Легендарното Шведско рели се одржа на нозе и годинава, овој пат поради недостаток на снег на деловите каде се одржуваат брзинските испити

Организаторите на релито формираа краен рок на 3ти февруари за одлука за тоа дали ќе се одржи релито или не поради недостаток на снег, но го продолжија за еден ден подоцна.

Следниот ден одлуката беше донесена, а релито повторно закажано , со околу 180км како брзински испити.

Брзинските испити од петокот ќе бидат повторени во сабота, додека два од четирите брзински испити на тие денови ќе бидат во Норвешка, со тоа што Шведска губи најголем број на километри.

Но сепак, пропратната категорија на ова рели, Историската класа, мораше да биде откажана.

Иако „на апарати“, Шведското рели ќе се одржи овој викенд. Погледнете го најавното видео:

Check Also

WTCR: Започнува Светскиот туринг куп; Бертон на пол позиција на Золдер

Ултра блиската борба за пол позиција со Јан Ерлахер му донесе на Натанаел Бертон прва …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *