Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / WRC: Катастрофална незгода за Невил на тестот пред Рели Корзика

WRC: Катастрофална незгода за Невил на тестот пред Рели Корзика

Тиери Невил и неговиот совозач Никола Гилсоул не се повредени, но…

Огромниот предизвик за возачите – Рели Корзика, воедно е доста опасен. Поради тоа повеќе тимови ги тестираат патиштата на кои ќе се одржи релито оваа недела од 5 до 8 април. Тимот на Hyundai одржа тест на 50км јужно од Бастиа, базата на релито каде ќе се одржи оваа недела. Но Невил и неговиот совозач Гилсоул се извлекоа од катастрофална незгода кој се случи во текот на тестирањето.

Имено, Невил се наближувал до мост близу комуната Лингвизета, а на излезот од левиот свиок автомобилот се излизгал од патот и паднал во речно корито длабоко повеќе од пет метри, во кое за среќа течела мала река. Автомобилот има добиено значителна штета на предниот дел, додека двајцата колеги се извлекоа без повреди.

Невил беше последниот возач кој го извози тестот пред Рели Корзика, со Дани Сордо и Андреас Микелсен завршувајќи ги своите тестови на закажаните термини на 26-ти и 27-ми март. Моментално после три одржани рунди, Невил, победникот од Шведското рели се наоѓа на втората позиција во генерален пласман кај возачите, за четири поени позади минатогодишниот шампион Себастиен Ожие.

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *