Wednesday , July 18 2018
Home / Latest Articles / WRC: Кен Блок се враќа во WRC после четири години!

WRC: Кен Блок се враќа во WRC после четири години!

Американската автомобилска ѕвезда Кен Блок ќе се врати во WRC шампионатот после четири години, и тоа на Рели Каталуња.

50-годишниот американец ќе го видиме на шпанската рунда која ќе се одржи од 25 до 28 октомври, позади волан на Ford Fiesta од M-Sport тимот, но под Hoonigan Racing Division банер заедно со неговиот совозач Алекс Гелсомино.

Овој настап ќе го означи неговото прво појавување во WRC после четири години откако учествуваше токму на оваа рунда – Рели Каталуња во 2014-тата. Исто така, прв пат ќе се соочи со новата генерација на WRC автомобил.

Од Ford на почетокот од оваа година изјавија дека Блок ќе се појави оваа сезона во Светскиот рели шампионат, кој исто така се натпреварува на одредени рунди во американскиот рели шампионат со Ford Escord, како и на неколку одбрани рунди од новата американска реликрос серија.

Check Also

WTCR Словакиаринг: Доминацијата на Hyundai на квалификациите, се претвори во доминација на VW групацијата на првата трка

На доста топло време денес, на патеката Словакиаринг крај Братислава се одржа првата трка од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *