Wednesday , February 20 2019
Home / Latest Articles / WRC: Крунисаниот шампион Себастиен Ожие започнува со тренинзи со Citroen

WRC: Крунисаниот шампион Себастиен Ожие започнува со тренинзи со Citroen

Себастиен Ожие, крунисаниот шампион во светскиот рели шампионат оваа сезона, следната недела во Португалија започнува тренинзи со Citroen C3 WRC за 2019 сезона

Ожие и претходно најави дека ќе одржи четиридневен тест со C3 до крајот на оваа година, два дена на земјена и два дена на асфалтна подлога.

„Имам на располагање дводневен тест на земја и дводневен тест на асфалт. Целта е да го извлечам максимумот од овој тест. Мораме да дадеме се од себе бидејќи следната година ривалите ме очекуваат подготвени во нивните автомобили. Можеби мене ми треба малку време за да се привикнам на автомобилот, но нема да биде проблем. Ова е огромен предизвик, но тоа е тоа што ја прави возбудлива оваа игра за мене.“ – изјави Ожие.

Освоената титула на Ожие значи дека Citroen ќе носи #1 на автомобилот за прв пат после доминацијата на Себастиен Леб, што е вистинско задоволство за Францускиот тим.

Check Also

WTCR: Team Mulsanne продолжува на Светската сцена

Team Mulsanne и оваа сезона ќе настапи со два автомобили Alfa Romeo Giulietta TCR во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *