Wednesday , February 19 2020
Home / Latest Articles / WRC Монте Карло: Еванс го превзема водството од Ожие

WRC Монте Карло: Еванс го превзема водството од Ожие

Кога само се помисли дека Ожие ги влече конците на Монте Карло рели, неговиот тимски колега Елвин Еванс дојде во водство и го задржа

Возачот на Toyota Елвин Еванс го превзема и го задржа водството во генерален пласман на Монте Карло рели откако Ожие призна дека одел премногу претпазливо, додека Тиери Невил имаше доста доминантно попладне.

Еванс влезе во попладневниот дел од денешниот ден со предност од 4.8 секунди пред неговиот тимски колега Ожие, но цела таа предност се стопи откако Ожие заврши како втор најбрз на брзинскиот испит “St Leadger Les Melezes – La batie Neuve”, после што двајцата тимски колеги изедначени за лидерската позиција влегоа во последниот брзински испит денес.

На 12 брзински испит “La Breole – Selonnet” изгледаше дека Еванс ќе ја загуби предноста после краткото излетување од патот при крајот од брзинецот, но Ожие кој стартуваше позади него загуби дури 9.5 секунди во третиот дел од брзинецот поради премногу претпазливо возење на делот каде имаше мраз. Поради ова заостанување на Ожие, Еванс како лидер влегува во последниот ден од релито со предност од 4.9 секунди.

Тиери Невил имаше доста добро попладне во неговото Hyundai каде го повтори квалитетното возење и на 12-тиот брзински испит каде дојде до победа заврши за 4.6 секунди пред Еванс. Невил моментално се наоѓа на третата позиција во генерален пласман и заостанува само 6.4 секунди позади Еванс, со уште четири брзински испити кои ги очекуваат утре (недела).

Себастеин Леб исто така призна дека повторно бил премногу претпазлив, губејќи 11.6 секунди во споредба со Есапека Лапи на 11-тиот брзински испит како и 9.5 секунди на 12-от, после што имаше мало извртување, но сепак успеа да се задржи на четвртата позиција со предност од 14.1 секунди пред Лапи на петтата позиција.


Check Also

WRC: Танак најбрз на бизарниот шејкдаун во Шведска

На денешниот прв ден од Шведското рели гледаме бизарни кадри… Шведско снежно рели без снег, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *