Wednesday , February 19 2020
Home / Latest Articles / WRC Монте Карло: Ожие во водство, Еванс не го издржува притисокот

WRC Монте Карло: Ожие во водство, Еванс не го издржува притисокот

После квалитетното попладне, Себастиен Ожие го превзема водството од неговиот тимски колега во Toyota Елвин Еванс.

Иако доминираше  изутринава, Еванс го заврши попладневниот брзински испит со оштетено предно десно тркало коментирајќи дека едноставно бил повлечен од внатрешниот канал.

Лидерот од вчерашниот ден Тиери Невил заврши на третата позиција за 6.4 секунди позади Ожие. Како четврти денес се запиша 7-кратниот победник на Монте Карло Себастиен Леб во неговото Hyundai i20, но за нешто повеќе од една минута поназад.

Возачот на M-Sport Есапека Лапи пристигна петти на крајот од денот со заостанување од речиси две минути позади Ожие, додека шести е дебитантот во Светскиот рели шампионат Кале Ровенпера пред неговиот тимски колега Такамото Катсута кои заостануваат преку пет минути од најдоброто време.


Check Also

WRC: Танак најбрз на бизарниот шејкдаун во Шведска

На денешниот прв ден од Шведското рели гледаме бизарни кадри… Шведско снежно рели без снег, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *