Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / WRC Монте Карло: Ожие ја зголемува предноста, Микелсен е надвор од релито

WRC Монте Карло: Ожие ја зголемува предноста, Микелсен е надвор од релито

Себастиен Ожие ја зголеми својата предност после вчерашните два ноќни брзинци…

Французинот имаше предност од само 17 секунди пред Андреас Микелсен и неговото Hyundai после ноќните брзинци во четвртокот, но неговата предност одеднаш се зголеми откако Микелсен кој беше зад него направи грешка промашувајќи раскрсница на првиот брзински испит денес и падна на третата позиција позади Дани Сордо.

Денепниот ден за Микелсен се искомплицира уште повеќе, здобивајќи се со проблеми со алтернаторот при што мораше да се паркира на страна покрај патот. Напорите да се поправи автомобилот беа неуспешни, па затоа Hyundai мораше да прогласи повлекување на автомобилот на Микелсен.

Потоа Сордо се најде под притисок на От Танак кој веднаш ја превзема четвртата позиција од Есапека Лапи со победа на брзинскиот испит на денот на отварање на релито. Танак успеа да ја украде втората позиција од Сордо на последниот испит пред сервисот, но се наоѓа за 40.4 секунди позади Ожие, кој немаше проблеми со брзинските испити кои беа без мраз и беше најбрз на четвртата етапа.

Речиси сите останати возачи освен Ожие имаа проблеми. Лапи беше фрустриран поради огромните количини на земја што беа нафрлани на патеката од претходните возачи, а тоа не му дозволи да се најде на првите три места за борба з подиум, туку мораше да се задоволи со четвртата позиција пред третата Toyota на Јари-Мати Латвала.

Крег Брин ги оштети сопирачките на неговиот Citroen при удар во карпа на првата етапа правејќи му поголеми проблеми од претходно и паѓајќи од седмата на 10-тата позиција. Крис Мик имаше излетување во канал покрај патот, додека пак Тиери Невил имаше проблем со задна гума на првиот брзински испит во петокот…

Вака стојат работите после петтиот брзински испит:

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *