Wednesday , April 24 2019
Home / Uncategorized / WRC Монте Карло: Танак се поблиску до Ожие

WRC Монте Карло: Танак се поблиску до Ожие

Предноста на Себастиен Ожие се стопи на 14.9 секунди после негова грешка, а тоа му овозможи приближување на От Танак

Танак веќе му одзема шест секунди од предноста на Ожие, но потоа почна да ja губи тaa предност, но и уште повеќе време од Ожие поради силниот дожд на следниот брзински испит.

Само што изгледаше дека предноста на Ожие ќе се зголеми на преку 45 секунди, Ожие се изврте на излез од остар свиок и падна во канал покрај патот.

Гледачите веднаш скокнаа да асистираат за помош, успешно, но со загуба од околу половина минута за Ожие.

Оваа драма го дoнесе Танак на 19 секунди од лидерската позиција, за потоа да заработи уште четири секунди и да ја симне предноста на Ожие на 15 секунди.

Дани Сордо остана на третата позиција како прв од Hyundai автомобилите. Веднаш позади него на 10.2 секунди се наоѓа Есапека Лапи, пред Латвала кој е за 1.2 секунди зад Лапи.

После нив следат Мик, Бафие, Еванс, Невил и Брин кој ги комплетираше топ 10-те.

Подолу погледнете ги времињата од топ 10-те после осмиот брзински испит:

Check Also

Шумахер најбрз на првиот претсезонски Формула 3 тест

Мик Шумахер, синот на 7-кратниот Ф1 шампион Михаел, беше најбрз на првиот ден од Европскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *