Wednesday , February 20 2019
Home / Latest Articles / WRC: Монте Карло трет ден, резултати

WRC: Монте Карло трет ден, резултати

Третиот ден на Монте Карло пружи исто така голема борба како вчерашниот ден…

Сепак, актуелниот шампион во Светскиот рели шампионат не остава ништо на случајност. Себастиен Ожие води во генерален пласман, со Тиери Невил веднаш позади, додека Себастиен Леб се пушти во борба за највисока позиција, а моментално се наоѓа на третата позиција.

На Монте Карло рели, се е до изборот на гумите. Ризикот секогаш не се исплати, но во дадени моменти и тоа како се исплати. На пример, Ожие се одлучи за пар помеки гуми во споредба со Невил, но сепак ефектот не беше ништо посебно. Тој загуби 1.2 секунди на брзинскиот испит Agnieres en Devoluy-Corps, додека на следниот успеа да добие 0.2 секунди.

Невил изјави дека вози со мала резерва на некои брзински испити каде беше побрз од Ожие, но сепак призна дека нема одговор за победа во генерален пласман. Ѕвезда на денешниот ден беше токму От Танак кој победи дури на четири брзински испити. Губејќи доста време во петокот поради промена на тркало, Танак се одлучи на ризичен избор на гуми денес попладне одбирајќи четири зимски гуми без шилци, за разлика од останатите возачи кои одбраа гуми со шилци, што значеше многу посигурна варијанта.

Коцкањето на Танак се покажа успешно, освојувајќи 20тина секунди во однос на неговите ривали за третата позиција на подиумот, Леб и Латвала. Леб ја превзема третата позиција од Латвала уште на првиот брзински испит изутринава, а денот го заврши со 2.3 секунди предност пред Финецот. Генерално, Танак има големи шанси за подиум, а се наоѓа на 17.3 секунди од Леб и 15с од неговиот тимски колега Јари-Мати Латвала. Возачите на М-Спорт Тему Сунинен и Понтус Тајдеманд се наоѓаат далеку надвор од топ 10-те…

Следи последниот четврти ден, кој се очекува да биде исполнет со голема борба за најдобро извозено време. Ова е Монте Карло Рели, овде се може да се промени во еден момент!

Check Also

WTCR: Team Mulsanne продолжува на Светската сцена

Team Mulsanne и оваа сезона ќе настапи со два автомобили Alfa Romeo Giulietta TCR во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *