Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / WRC: Најкомплетниот автомобилист на светот со победа на Рели Каталуња!

WRC: Најкомплетниот автомобилист на светот со победа на Рели Каталуња!

Себастиен Леб, девет кратниот WRC шампион, кој важи за најкомплетен автомобилист на сите времиња, дојде до 79 победа во неговата кариера во Светскиот рели шампионат, после пауза од пет години…

Францускиот рели возач Себастиен Леб успеа да извојува неверојатна победа на Рели Каталуња, на неговото трето и последно излегување оваа година на Светската рели сцена со Citroen. Тој оваа година имаше закажано три рунди со Светскиот рели тим Citroen, при што ја заврши својата работа со победа. Себастиен Ожие ја изгуби битката со Леб, но со освоената втора позиција се врати во водство во генерален пласман кај возачите за борба за титулата оваа година.

Кралот на релито имаше предност од 7.1 секунди над Ожие пред последните два брзински испити, но имаше проблеми на двата испити, што замислената победа за него беше ставена под знак прашалник. На 17-тиот брзински испит додека возеше околу кружниот тек, Леб употреби преголема доза на гас на десната педала, при што се изврте и загуби приближно осум секунди на крајот од брзинецот.

За разлика од него, неговиот сонародник Ожие беше најбрз на тој брзински испит и тоа за 3.5 секунди од неговиот тимски колега Елфин Еванс. Леб за кого ова е последен планиран настап за Citroen оваа сезона, се најде со само 3.6 секунди предност во претпоследниот круг за денес, Power Stage-от, на кој се измачуваше со подуправување на автомобилот во десни свиоци.

За разлика од него, Ожие немаше никакви проблеми со автомобилот и управувањето, но Леб и покрај проблемите успеа да дојде до победа на релито со 2.9 секунди предност, со што ја означи деветтата победа на Рели Шпанија, шест години после последната победа.

Тиери Невил имаше добро темпо во текот на релито и на последниот ден, но при крајот од последниот брзински испит го оштети задното десно тркало на автомобилот откако удри во камен кој самиот тој го предизвика поради кратење на патеката. Поради тоа, тој не успеа да се искачи на подиумот, додека последното место на подиумот го пополни Елфин Еванс.

Пред финалето во Австралија, Ожие е во предност пред Невил за три поени, додека 20 поназад е От Танак, на кого шансите за победа на Рели Каталуња му беа големи, се до проблемите поради пукната гума во саботата, кога загуби 30тина секунди од предноста која ја имаше. Вистинско изненадување на ова рели беше настапот на Кен Блок. Тоа што не беше изненадување беше неговото превртување со автомобилот Ford Fiesta WRC на седмиот брзински испит.

Во WRC2 категоријата Кале Рованпера го победи шампионот Јан Копецки, за кого ова е втора победа по ред, додека трет беше Петер Солберг во VW Polo GTI R5. Ерик Камили водеше во оваа класа додека не налета на проблеми со менувачот на неговиот автомобил во саботата.

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *