Sunday , January 21 2018
Home / Автомобилизам / WRC: Овој викенд на програмата, Рели Мексико!

WRC: Овој викенд на програмата, Рели Мексико!

Овој викенд сезоната во Светскиот рели шампионат се сели од Шведските снежни брзинци и ниските температури, во прашливото и врело Мексико.

Топлите и прашливи планини на централниот дел од Мексико ќе им овозможат прва прилика на автомобилите со нови спецификации да се пробаат на земјена подлога, но нема да биде исклучена ниту асфалтната подлога во срцето на Мексико Сити, каде возбудата ќе стартува утре. Пред акцијата да се качи на голема надморска висина, во четврток закажани се два брзински испити од по 1.57км низ улиците околу познатиот плоштад Зокало, во еден од најголемите градови во светот.

Како и секоја година, се очекува огромен број на публика која со нетрпение го очекува овој настан. Овој викенд во план се 370 натпреварувачки километри. После утрешниот шејкдаун, во петок на програмата е областа околу Гуанахуато со две идентични возења како два теста, вклучувајќи го и 54.9 километарскиот маратон, El Chocolate. Првиот ден завршува со краток брзински испит низ подземните рудници на сребро во Гуанахуато и два брзински теста на тркачката патека Леон.

Вториот ден во сабота е најдолгиот дел од викендот со 157.57 натпреварувачки километри. Три брзински испити ќе се возат по два пати, вклучувајќи го и брзинскиот испит El Brinco од каде ќе има ТВ пренос во живо. После тоа следат уште две возења околу тркачката патека, пред завршувањето на вториот ден на улиците покрај сервис паркот поставен во Леон.

За последниот ден закажан е нов брзински тест La Calera, пред Power Stage-от низ патиштата на Дерамадеро. Откако ќе сумираме, возачите овој викенд ќе извозат 20 брзински испити и 370.46 натпреварувачки километри или заедно со поврзувачки делови, цели 897.68 километри.

Check Also

Дакар 2018, 13 Етапа: Драматичен пресврт кај камионите! Вилагра е надвор од релито, Николаев поблиску до трета победа на Дакар!

Драмата помеѓу Вилагра и Николаев заврши, останува русинот да продефилира до целта на последната етапа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *