Tuesday , August 4 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / WRC: Ожие се повлекува од Светскиот рели шампионат

WRC: Ожие се повлекува од Светскиот рели шампионат

Себастиен Ожие потврди повлекување од Светскиот рели шампионат следната година…

Францускиот рели возач, шест кратен Светски шампион Себастиен Ожие, најави повлекување од Светскиот рели шампионат, со тоа што Citroen ќе му биде последниот тим во кариерата, а тоа го потврди во средата. Тој најави дека следниот степен во неговата кариера ќе биде ново основаниот шампионат Extreme E Series во 2021.

„Повеќе пати кажав, иако луѓето околу мене не можат да го прифатат тоа. Јас имав две годишен договор со Citroen кој истекува следната година, а тогаш и ќе заврши. Пресреќен сум што сум дел од развојот, а и тоа што ќе бидам дел од истиот (EXtreme E), но сепак моментално, сеуште немам точни планови да го возам.“ – изјави Ожие.

Амбасадорската улога на Ожие во Еxtreme E беше најавена минатиот месец. Тој ќе го тестира автомобилот во блиска иднина, но останува нејасно дали ќе се натпреварува во електричната оф-роуд серија.

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *