Sunday , March 7 2021
Home / Latest Articles / WRC: Осма победа на Монте Карло и 50-та во кариерата на Себастиен Ожие

WRC: Осма победа на Монте Карло и 50-та во кариерата на Себастиен Ожие

Францускиот возач Себастиен Ожие не можеше подобро да ја започне неговата последна сезона во Светскиот рели шампионат…

Овој викенд тој дојде до победа на Монте Карло Рели, осма во неговата кариера со која го симна рекордот на неговиот сонародник Себастиен Леб кој освои седум Монте-победи во неговата рели кариера, а се изедначи со 37 години стариот рекорд на Валтер Рол за победи на Монте Карло со четири различни производители. Ова воедно е и 50-та победа во неговата WRC кариера.

Ожие дојде до победа со три победи од четирите брзински испити во неделата, како и победа на Пауер Стејџот кој му донесе пет екстра поени нему и на неговиот тим во борба за конструкторската титула. Бритнецот Елвин Еван, воедно и тимски колега на Ожие заврши на втората позиција, додека трите места на подиумот ги комплетираше Тиери Невил.

Четврти беше Кал Рованпера, пред Дани Сордо, Такамото Катсута, Андреас Микелсен во Skoda Fabia во класата RC2 – кој воедно е и победник во неговата класа, додека после него завршија Гас Гринсмит, Едриен Форме и Ерик Камили кој ги комплетираше топ 10-те. Со оваа победа Ожие најавува одбрана на титулата во последната негова сезона во Светскиот рели шампионат. Ќе бидеме сведоци на интересна сезона…

Како што претходно најавивме, Шведското рели годинава нема да се вози, а караванот ќе продолжи на Рели Финска од 26 до 28 февруари.

Check Also

ETCR: Микел Аскона го потврди своето учество во електричниот TCR шампионат

Станува интересно со електрифицирањето… Шпанскиот возач Микел Аскона го потврди неговото учество во првата сезона …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *