Sunday , April 18 2021
Home / Latest Articles / WRC: От Танак без грешки до победа на Arctic Rally Finland

WRC: От Танак без грешки до победа на Arctic Rally Finland

После опоменувањето од неговиот тимски шеф да избегне глупави грешки, Танак со прва победа оваа сезона…

Како замена за Рели Шведска, влезе новоформираното рели во Финска (Arctic Rally Finland) кое овој пат се одржа во зимски услови за разлика од претходно.

От Танак дојде до многу важна победа, со која ја започна неговата кампања за освојување на титулата со Hyundai оваа година. Тој го победи 20-годишниот Кале Рованпера кој воедно е и најмлад WRC возач моментално.

Финската посада во Toyota Yaris заостана за 17.5 секунди позади Естонската посада во Hyundai, додека третата позиција на подиумот во Финска изминатиот викенд ја пополни Белгиската посада во Hyundai, Тиери Невил и Мартин Видахе.

Четврти пристигна Крег Брин, пред Елвин Еванс на петтата позиција, додека шести и седми беа Такамото Катсута и Оливер Солберг. Осми и деветти завршија Тему Сунинен и Гас Гринсмит кои ја комплетираа WRC категоријата.

Минатогодишниот шампион Себастиен Ожие за несреќа беше пуштан како прв, а чистењето на снегот од патеката му донесе огромни потешкотии и излетување во вториот ден од релито. Тоа излетување на 50 метри од целта во вториот ден, неговиот тим го искористи за повлекување на автомобилот од тој ден, за да се посветат на подесување на истиот и освојување на драгоцени поени на Power Stage-от во неделата.

Check Also

TCR Europe: Душан Борковиќ се враќа во Европската TCR Серија

Српскиот автомобилски ас Душан Борковиќ ќе се врати на гридот во Европската TCR Серија оваа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *