Saturday , July 20 2019
Home / Latest Articles / WRC: От Танак води после првиот ден на Рели Чиле (ВИДЕО)

WRC: От Танак води после првиот ден на Рели Чиле (ВИДЕО)

Возачот на Toyota От Танак ги стави работите под своја контрола на првиот ден од Рели Чиле, зголемувајќи го водството пред Себастиен Ожие

От Танак го заврши првиот ден на со 22.4 секунди предност пред Себастиен Ожие, како и 29.5 секунди пред првопласираниот во генерален пласман Тиери Невил.

На попладневниот прв брзински испит, второто проаѓање низ „Ел Пума“ Танак беше 11.2 секунди побрз од Ожие и 17.6 од Невил. После тоа на петтиот брзински испит Танак го зголеми своето водство за уште 5.8 секунди од Ожие и 7.6 секунди од Невил.

Како резултат на тоа, Невил се најде на четвртата позиција позади Латвала во текот на денот, додека Латвала се наоѓа за 28.8 секунди позади Танак, а 0.7 секунди пред Ожие.

Крис Мик успеа да се искачи на петтата позиција пред Себастиен Леб на шестата, при што јасно се гледа дека Французинот се мачи со својата брзина.

Седми во првиот ден заврши Елвин Еванс пред Андреас Микелсен, Тему Сунинен и Есапека Лапи, кој ги комплетираше топ 10-те.


Check Also

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *