Wednesday , October 17 2018
Home / Latest Articles / WRC: От Танак го задржа водството до победа во Германија

WRC: От Танак го задржа водството до победа во Германија

После доста напори, От Танак дојде до втора победа оваа сезона и тоа на асфалтното рели во Германија овој викенд

Taнак успеа да се одбрани од Андреас Микелсен на последниот ден, додека неговиот тимски колега Себастиен Ожие се врати во водство во генерален пласман со освојување на третата позиција. Танак уште на почетокот на релито блескаше со перфектни перформанси, а во саботата наутро успеа да постигне предност од речиси една минута пред Микелсен.

Естонскиот возач кој првата победа оваа година ја освои во Италија, успеа да ја задржи предноста пред Микелсен и победи со разлика од 16.4 секунди. Позади првите двајца, Ожие опуштено се држеше на третата позиција, откако неговиот ривал за титулата Тиери Невил беше приморан да се откаже од релито поради оштетување на суспензијата на неговиот автомобил.

Невил моментално се наоѓа не чело во генералниот пласман со 17 поени предност, на само три рунди до крајот на сезоната. Драмата беше присутна позади подиумот, откако Јухо Ханинен се подобри во последниот ден од шестата на четвртата позиција пред Крег Брин на петтата и Елфин Еванс на шестата. Латвала имаше доста тежок викенд завршувајќи на седмата позиција пред Хејден Падон кој успеа да заврши на осмата позиција.

Подолу, погледнете ги целосните резултати и видеото од најинтересните моменти од релито:

  1. Ott TanakEST M-Sport Ford Fiesta WRC 17 2hr 57m 31.7s
  2. Andrea MikkelsenNOR Citroen C3 Abu Dhabi WRC +16.4s
  3. Sebastien OgierFRA M-Sport Ford Fiesta WRC 17 +30.4s
  4. Juho HanninenFIN Toyota Yaris Gazoo Racing +1m 49.2s
  5. Craig BreenIRL Citroen C3 Abu Dhabi WRC +2m 01.5s
  6. Elfyn EvansGBR DMACK M-Sport Ford Fiesta WRC 17 +2m 03.4s
  7. Jari-Matti LatvalaFIN Toyota Yaris Gazoo Racing +3m 58.2s
  8. Hayden PaddonNZL Hyundai i20 Coupe WRC +4m 32.4s
  9. Kremer ArminGER Ford Fiesta WRC ’17 +10m 19.4s
  10. Eric CamilliFRA M-Sport Ford Fiesta R5 +10m 44.3s WRC2
  11. Jan KopeckySWE Skoda Fabia R5 +11m 32.4s WRC2
  12. Pontus TidemandSWE Skoda Fabia R5 +12m 35.0s WRC2
  13. Quentin GilbertFRA Skoda Fabia R5 +13m 47.7s WRC2
  14. Pierre-Louis LoubetFRA Ford Fiesta R5 +14m 33.2s WRC2
  15. Tempestini SimoneROM Citroen DS3 R5 +14m 35.1s WRC2

Фото: World Rally Media

Check Also

WTCR Вухан: Верне победник од старт до цел во првата трка

Францускиот возач Жан-Карл Верне успеа да извојува сигурна победа од старт до цел, откако ја …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *