Friday , August 14 2020
Home / Latest Articles / WRC: Петер Солберг цели на враќање во WRC после тестот со VW

WRC: Петер Солберг цели на враќање во WRC после тестот со VW

Шампионот од 2013 Петер Солберг започна со фазата на враќање во WRC после успешниот тест со Volkswagen Polo GTI R5 минатата недела

Солберг комплетираше преку 300 километри тест возење на северот од Шведска, од што произлезе огромна желба и план за враќање со цела сезона во Светскиот рели шампионат (WRC).

„Да бидам искрен автомобилот беше фантастичен. Беше прекрасен за возење, доста предвидлив и лесен за управување, а ова е најважно за R5 автомобил. Сега откако го направив тестот во автомобилот, искрено сакам да се пробам во натпревар. Не знам кога би било тоа возможно, а исто така и не зборувавме сеуште за тоа, но сакам да се случи.“ – изјави Петер Солберг.

Солберг во последниве пет години нема возено WRC автомобил откако го напушти фабричкиот тим на Ford, но никогаш не бил далеку од спортот победувајќи три пати на Рели Шведска во историската класа со неговиот познат Ford Escord RS1800.

Откако замина во World Rallycross во 2013-тата, Солберг освои две титули, но сепак има време да се фокусира и на кариерата на неговиот 16-годишен син Оливие. Нему оваа година ќе му биде дадена прилика да учествува во WRC на Рели Велика Британија, а Петер изјави дека би сакал и тој да се натпреварува заедно со него.

Check Also

МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

Јужно Африканскиот возач Бред Биндер дојде до убедлива и неверојатна победа на патеката Брно во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *