Thursday , May 23 2019
Home / Latest Articles / WRC: Петта победа за Себастиен Ожие на Рели Мексико

WRC: Петта победа за Себастиен Ожие на Рели Мексико

Возачот на Citroen Себастиен Ожие запиша петта победа на ова рели во неговата кариера, што му помогна да се качи на втората позиција во генерален пласман кај возачите

Францускиот возач Себастиен Ожие дојде до доста важна победа, која му овозможи да биде во блиска борба во генерален пласман кај возачите, после третата рунда од Светскиот рели шампионат.

Тој уште од петокот се наоѓаше во водство за да дојде до победа со 30.2 секунди предност пред От Танак. Естонецот успеа да го победи Елвин Еванс во последниот ден низ прашливите патишта близу Леон, за да ја обезбеди втората позиција и да го задржи водството во генерален пласман кај возачите.

Танак зад воланот на неговата Тоyota Yaris заврши на втората позиција со предност од 19.7 секунди пред Велшанецот во неговиот автомобил Ford Fiestа.

Ожие, исто така победи и на Power Stage-от за неверојатни 0.025 секунди пред Крис Мик, при  што освои драгоцени дополнителни пет поени.

Со втората позиција на Power Stage-от Крис Мик освои четири поени, додека позади него три поени освои Тиери Невил, два поени освои Дани Сордо и еден поен Есапека Лапи.

Следната рунда е Рели Корзика на програмата од 28 до 31 март.

Check Also

Возбудлив старт на сезоната во Кичево (Извештај)

Со првата трка одржана на патеката во Кичево, започна шампионатот на Македонија во автомобилизам Како …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *