Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / WRC: Победа во Турција и водство во генерален пласман за Еванс

WRC: Победа во Турција и водство во генерален пласман за Еванс

Возачот на Toyota Елвин Еванс дојде до крајно драматична победа на Рели Турција, а со оваа победа се најде во водство во генералниот пласман кај возачите.

Ова за него беше трета победа во кариерата, а до неа дојде доста претпазливо и тоа на најпривлечната рунда од годинешниот календар.

Драмата се случи на последниот ден почнувајќи со гума дефект за Тиери Невил и Себастиен Ожие кои исто така беа во борба за првата позиција. Проблемите на двајцата борци за победа започна уште на првиот брзински испит во неделата и тоа на најозлогласениот брзински испит – 38 км Цетибели тест, исто како и третопласираниот после вториот ден, Себастиен Леб.

Но сепак, Еванс играше игра на трпение која подоцна му се исплатеше и му донесе победа, после огромната предност од 48 секунди која успеа да ја направи во споредба со лидерите.

Невил даде се од себе да му направи разлика на Ожие и да се приближи до Еванс низ брзинскиот испит Мармарис, но на повторениот Цетибели брзинец, Ожие се откажа од борбата поради проблеми со моторот од кој излегуваше чад.

От Танак, минатогодишниот шампион исто така имаше проблеми со неговото Hyundai, но со управувачкиот систем. Тој се врати во релито без можност за пласман, со една цел, да им помогне на своите колеги за подобар резултат.

Драмата во Турција заврши со победа на Еванс (Toyota Yaris WRC) со предност од дури 35 секунди пред Тиери Невил (Hyundai i20 Coupe WRC), која го постави на првата позиција во генерален пласман, но и нови поени за неговиот тим.

Последното место на подиумот го освои 9-кратниот WRC шампион Себастиен Леб (Hyundai i20 Coupe WRC), додека четврти и петти завршија Кале Рованпера (Toyota Yaris WRC) и Гас Гринсмит. Есапека Лапи беше шести пред Кајетан Кајетанович (Škoda Fabia Rally2 evo) кој дојде до победа во WRC3 категоријата.

Осмата позиција во генерален пласман му припадна на Понтус Тајдеманд воедно и победа во WRC2 категоријата, деветти беше Адриен Форме, а топ 10-те ги комплетираше Марко Булачиа.

Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *