Thursday , May 23 2019
Home / Latest Articles / WRC: Проблематичното Рели Мексико го оправда епитетот, со подигање на црвено знаме

WRC: Проблематичното Рели Мексико го оправда епитетот, со подигање на црвено знаме

После вториот ден на Рели Мексико, четири возачи надвор од релито, останатите се борат со проблеми…

Францускиот возач Себастиен Ожие остана во водство на релито после драмата од која речиси сите возачи во WRC категоријата беа дел, со проблеми од различен карактер.

Ожие го задржа водството на крајот од вториот ден откако за кратко се најде позади Крис Мик. Но Есапека Лапи беше оној кој имаше незгода поради која беше подигнато црвено знаме, после извртувањето на средината на опасен свиок изутринава, блокирајќи го патот за останатите возачи.

Мик беше најбрз како возач кој следеше после Лапи, со Елвин Еван позади него со второ време. Возејќи позади нив, Ожие налета на камен при што ја оштети предната десна гума, кратко пред да биде подигнато црвеното знаме.

Французинот падна на 22.4 секунди позади Мик, но подоцна го врати водството откако Мик налета на истиот проблем, но загуби 1м36.6с од Ожие и се наоѓа на петтата позиција позади Тиери Невил за 2м1.7с. Еванс моментално се наоѓа на втората позиција пред От Танак на третата.

На крај откажувањата…

За жал дури четворица возачи мораа да се откажат од ова проблематично рели. После Тему Сунинен кој се откажа поради излетување, Андреас Микелсен беше исто така приморан да се откаже во текот на петтиот брзински испит каде се наоѓаше во водство, но поради механички проблеми со неговото Hyundai, мораше да откаже од понатамошната борба за висок пласман.

После него на седмиот брзински испит неговиот тимски колега Дани Сордо налета на проблеми со електрониката, додека веднаш после него на осмиот брзински испит Toyota-та на Јари-Мати Латвала беше следното разочарување со сличен проблем.

Утре следи последниот ден од ова проблематично рели, кое нема да го покаже победникот до последен момент.

Фото: wrc.com

Check Also

Возбудлив старт на сезоната во Кичево (Извештај)

Со првата трка одржана на патеката во Кичево, започна шампионатот на Македонија во автомобилизам Како …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *