Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / WRC: Рели Богот проговори за плановите за следната сезона

WRC: Рели Богот проговори за плановите за следната сезона

9-кратниот WRC шампион Себастиен Леб, изјави дека неговата победа на Шпанското рели изминатиот викенд ја направи WRC програмата за 2019 многу попривлечна

Французинот се врати оваа година во Светскиот рели шампионат со договор со Citroen за три одбрани настапи на три различни рунди. Но на третата рунда тој извојува драматична победа која го потресе тркачкиот свет.

Исто така и за следната година договорот би требало да биде ист, но со бившиот ривал и сонародник Себастиен Ожие како негов тимски колега кој ќе го напушти постоечкиот тим M-Sport.

Леб нема целосна програма за следната година, поради повлекувањето на Peugeot од Светскиот Реликрос Шампионат. Дали тоа ќе ги измени неговите планови за во иднина, со оглед на тоа дека WRC е шампионатот во кој се чувствува како дома, останува да почекаме како ќе се одвиваат работите во блиска иднина.

„Добро беше чувството да се биде во борба и да се победи. Можеби ова ќе ми роди поголема желба да се вратам следната сезона. Овде се чувствувам подобро, релито е мојата дисциплина. Но воедно, знам и зошто се откажав, а тоа е поради тоа што потребно е многу време и посветување. Дали ќе се вратам со целосна програма? Не. Не го сакам тоа. Дали ќе се вратам назад за неколку рунди? Можеби, но и тоа е комплицирано.“ – изјави Леб.

Можеби напуштањето на Peugeot на Дакар Рели беше очекувано, но напуштањето на Светскиот Реликрос Шампионат дефинитивно не. Тоа беше тотално изненадување за Французинот.

„Не знаев дека тоа се случува. Пред две недели бев сигурен дека ќе настапам цела сезона во Светскиот Реликрос Шампионат, но сега немам ништо. До сега не мислев на иднината, да бидам искрен немав време. Но сега размислувам на една варијанта, а тоа е да се вратам следната година во World RX со свој тим, Sebastien Loeb Racing.“ – заврши тој.

Инаку за информација, оваа година токму неговиот тим настапи со Peugeot 208 за Грегор Демоустие, па затоа не е невозможно и Леб да му се приклучи следната сезона.

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *