Wednesday , October 17 2018
Home / Latest Articles / WRC Рели Финска: Јари-Мати Латвала води после излетувањето на Ожие!

WRC Рели Финска: Јари-Мати Латвала води после излетувањето на Ожие!

Финецот Јари-Мати Латвала се најде во водство на Рели Финска, но Себастиен Ожие е надвор од релито поради излетување…

Водството во генерален пласман кај возачите на Себастиен Ожие ќе биде загрозено откако тој излета и е надвор од борбата, додека возачите на Toyota Латвала и Лапи се наоѓаат на првата и втората позиција на вториот ден од најбрзото рели во календарот. Со поминати шест брзинци од легендарното најбрзо рели, Латвала се наоѓа на чело, со четири домашни возачи во топ 6. Искусниот Финец победи само еден брзинец, но континуитетот кој го има го донесе до водечката позиција, пред неговиот тимски колега Есапека Лапи. Лапи победи на 4,5,6 и 7-от брзински испит што требаше да му донесе лидерска позиција, но поради лошото време во 2-от брзинец, тој е на втората позиција позади Латвала.

Мадс Остберг ја држи третата позиција, со Крег Брин позади него кој е единствениот возач кој не е Скандинавец во првите шест возачи. Ова покажува колку е важно локалното познавање на брзинските испити или општо на целата област каде се вози релито. Во драматичниот старт на ова рели, лидерот во шампионатот Ожие се држеше до 4-от брзинец кога после слетувањето од скок, ја скрши суспензијата на неговата Ford Fiesta, па затоа мораше да се откаже од релито. Ожие пристигна во Финска со предност од 11 поени пред Тиери Невил, а после откажувањето неговата позиција може да биде загрозена токму од Невил, доколку успее да го задржи неговиот континуитет. Подолу, погледнете го поредокот после вториот ден:

1. Jari-Matti Latvala FIN Toyota Yaris Gazoo Racing WRC 40m 57.5s M
2. Esapekka Lappi FIN Toyota Yaris Gazoo Racing WRC +1.6s M
3. Mads Ostberg NOR M-Sport Ford Fiesta WRC 17 +13.8s
4. Craig Breen IRE Citroen C3 Abu Dhabi WRC +14.2s M
5. Teemu Suninen FIN M-Sport Ford Fiesta WRC 17 +14.3s
6. Juho Hanninen FIN Toyota Yaris Gazoo Racing WRC +19.7s M
7. Kris Meeke NOR Citroen C3 Abu Dhabi WRC +20.2s M
8. Elfyn Evans GBR M-Sport Ford Fiesta WRC 17 +22.5s
9. Thierry Neuville BEL Hyundai i20 Coupe WRC +34.1s M
10. Dani Sordo ESP Hyundai i20 Coupe WRC +51.5s M
11. Ott Tanak EST M-Sport Ford Fiesta WRC 17 +1m 40.3s M
12. Ole Christian Veiby NOR Printsport Oy Skoda Fabia R5 +3m 02.0s WRC2
13. Eric Camilli FRA M-Sport Ford Fiesta R5 +3m 12.8s WRC2
14. Jari Huttunen FIN Skoda Fabia R5 +3m 13.2s WRC2
15. Gus Greensmith GBR M-Sport Ford Fiesta R5 +3m 27.1s WRC2

Фото: World Rally Media

Check Also

WTCR Вухан: Верне победник од старт до цел во првата трка

Францускиот возач Жан-Карл Верне успеа да извојува сигурна победа од старт до цел, откако ја …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *