Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / WRC: Рели Хрватска влегува во Светскиот рели календар во 2021!

WRC: Рели Хрватска влегува во Светскиот рели календар во 2021!

После долги години најавување, сега е официјално – Хрватска влегува во Светскиот рели шампионат (WRC) во 2021 година

Овие прекрасни вести беа официјализирани после објавувањето на календарот од страна на ФИА, а Хрватскиот автомобилски и картинг сојуз не може да биде посреќен…

Едно од најатрактивните спортски случувања на планетава ќе се одржи од 22 до 25 април 2021 година. Стартот и целта на релито ќе биде во Загреб, а ќе се вози по локалните патишта на Загребачката, Карловачката и Крапинско-загорската жупанија (област).

Исто така претседателот на Светската автомобилска федерација (ФИА) имаше обраќање и го честиташе влезот на Хрватска во календарот на Светскиот рели шампионат.

Доаѓањето на Светскиот рели шампионат во Хрватска е одлична вест за сите љубители на автобилизмот во регионов. Во 2019 година WRC како шампионат го пратеа 836 милиони гледачи, а 13 трки привлекоа повеќе од 4 милиони гледачи во публиката.

Директно од натпреварите известуваат околу 1500 акредитирани новинари и е произведено речиси 9860 часа ТВ програма која се емитува во повеќе од 150 земји во светот.

Во последниве седум години WRC бележи огромен пораст на популарност поради имплементацијата на нови телевизиски технологии со креативното користење на снимки од хеликоптери и дронови.

Хрватска стана домаќин на рунда од Светскиот рели шампионат, а каде сме ние…

Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *