Wednesday , February 19 2020
Home / Latest Articles / WRC: Танак најбрз на бизарниот шејкдаун во Шведска

WRC: Танак најбрз на бизарниот шејкдаун во Шведска

На денешниот прв ден од Шведското рели гледаме бизарни кадри…

Шведско снежно рели без снег, несвојствено за ова доба од годината. Шведското рели висеше на конец оваа година иако на сила, сепак стартуваше, но со откажани осум брзински испити поради недостаток на снег.

Неочекувано и на стартот на релито, поточно на шејкдаунот, глетката беше очајна. Снежно рели без снег. Тага. Но сепак кога организаторите даваат зелено светло, возачите стартуваат. После завршувањето на шејкдаунот сите возачи беа интервјуирани при што никој од нив немаше добро мислење за условите.

Најбрз на шејкдаунот беше минатогодишниот Светски шампион От Танак во Hyundai со време од 4:04.7, додека Кале Рованпера пристигна на втората позиција со заостанување од 2.5 секунди, пред Крег Брин кој заостана за 2.6 секунди.

После најбрзите тројца следеа Латвала на четвртата пред Еванс и Лапи на петтата и шестата позиција. Седми и осми беа Невил и Катсута, пред Остберг на деветтата во Citroen како првопласиран од WRC2 категоријата. Грјазин ги комплетираше топ 10-те, а Себастиен Ожие заврши на 11-тата позиција со заостанување од дури 21.3 секунди позади водечкиот Танак.

 

Check Also

WRC: Започна Шведското рели; Пратете го шејкдаунот во живо

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *