Friday , September 18 2020
Home / Latest Articles / WRC: Тиери Невил ќе донира до 10.000 евра на секоја рунда од годинешниот шампионат

WRC: Тиери Невил ќе донира до 10.000 евра на секоја рунда од годинешниот шампионат

Белгискиот возач Тиери Невил (Hyundai) пред почетокот на сезоната најави хуманитарна акција која се состои од донации на секоја рунда од Светскиот рели шампионат каде локално се одржува хуманитарна акција.

Тој ќе донира до 10.000 евра на секоја рунда. На својот фејсбук профил тој најави дека ќе донира 2.000 евра на секоја рунда, а додаде дека сумата ќе се дуплира ако заврши на подиум, додека за секоја победа ќе бидат издвоени по 10.000 евра за избраната локална хуманитарна акција.

На првата рунда во Монте Карло 10.000 евра од победата одат кај “Association Reves“, асоцијација која им помага на болни деца да го постигнат својот сон.

„Ова одамна го посакував и го планирав. Од Монте Карло започнав со акцијата за оваа Француска асоцијација која се грижи за овие дечиња да го постигнат својот најголем сон и се надевам дека на секоја рунда ќе го постигнувам максимумот од 10.000 евра во донации со освојување на победа.“ – изјави Невил.

Ова е многу пријатно изненадување од возач, а се надеваме дека и други возачи ќе го следат неговиот пример.

Check Also

WTCR: Започнува Светскиот туринг куп; Бертон на пол позиција на Золдер

Ултра блиската борба за пол позиција со Јан Ерлахер му донесе на Натанаел Бертон прва …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *