Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа на проблеми изутринава…

Танак и Латвала се најдоа не чело на временската листа на Рели Финска, со Танак правејќи предност од 3.1 секунди во споредба со Латвала на 12-тиот брзински испит, воедно и првиот денес.

Потоа Латвала го возврати ударот со најбрзо време на следниот брзинец, враќајќи се на само 0.2 секунди од Танак. Но на 14-тиот брзински испит, Латвала и Мик налетаа на незгоди овозможувајќи му на Танак поголема предност.

Мик удри камен со голема брзина, со што квалитетно го оштети предниот лев дел на неговиот Yaris, поточно неговата суспензија, додека Латвала удри голем камен при што заврши со скината гума.

Но за разлика од Мик, Латвала успеа да го донесе автомобилот до целта, со заостанување од 14.1 секунди позади Танак, а пред Лапи со предност од половина секунда. Ова воопшто не го израдува тимскиот директор на Toyota Томи Макинен, кој нагласи дека Мик и Латвала не се држат според планот кој го имале на почетокот од релито.

Позади лидерското трио, Андреас Микелсен води борба со Себастиен Ожие за четвртата позиција, додека Крег Брин е веднаш позади за само 1.5 секунди.

Тиери Невил се наоѓа на 17 секунди поназад на седмата позиција, борејќи се со проблеми како чистач на патот. Тимските колеги од M-Sport Тему Сунинен и Гас Гринсмит се наоѓаат на осмата и деветтата позиција, двајцата поместувајќи се за една позиција погоре поради откажувањето на Мик.

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *