Thursday , December 3 2020
Home / Latest Articles / WRC: Хибридната технологија влегува во Светскиот рели шампионат

WRC: Хибридната технологија влегува во Светскиот рели шампионат

Автомобилите ќе го користат овој систем на брзинските испити како и на патиштата кои ги поврзуваат брзинците

Следната геерација на WRC автомобили ќе присвои уникатен хибриден систем од 100kW откако Rally1 правилото беше дозволено од Светскиот моторспорт совет на ФИА.

Тестирањето на новиот систем кој ќе го изработува Германската фирма Compact Dynamics, се очекува да биде започнато во февруари.

Како додаток, Rally1 автомобилите ќе бидат зајакнати во заштитниот кафез, со додавање на компонента која ќе ја подобри торзионата тврдина во случај на превртување.

Исто така заштитата од странични удари ќе биде зголемена со подобрување на заштитниот систем, со повеќе материјали кои ќе бидат имплементирани во вратите на автомобилот.

Други промени кои не очекуваат се бројот на мотори кои стојат на располагање за секој автомобил и тоа намалување од три на два мотори, како и отстранување на вентилот за свеж воздух на анти-лаг системот.

Check Also

BTCC: Со победата на втората трка, Сатон се поблиску до титулата оваа година

Еш Сатон го зголеми водството во генерален пласман во Британскиот туринг шампионат и се наоѓа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *