Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / WRC шампионот Себастиен Ожие со амбиции за во DTM шампионатот во иднина?

WRC шампионот Себастиен Ожие со амбиции за во DTM шампионатот во иднина?

Петкратниот Светски рели шампион Себастиен Ожие е подготвен да настапи на DTM рунда на патеката Ред Бул Ринг во септември, позади волан на Mercedes.

Од Mercedes претходно изјавија дека имаат желба да ги искористат правилата кои ги имаат производителите во DTM шампионатот, да дозволат седми автомобил во тимот покрај шесте редовни автомобили за гостин кој би сакал да се проба во овој шампионат.

Двократниот DTM шампион Матиас Екстром се збогува со шампионатот на Хокенхајм, после одлуката да се пензионира од целосната програма оваа година, додека Алекс Занарди ќе се појави на ноќната трка на патеката Мизано следниот месец.

Ожие ќе настапи во автомобил Mercedes-AMG C63 DTM поддржан од Red Bull, кои исто така му се спонзори во WRC. Правилата во DTM не дозволуваат гости на последните три рунди од шампионатот, но на Mercedes ова му е дозволено како исклучок, секако во согласност со ривалите BMW и Audi.

Ожие не е нов во кружните трки. Тој претходно во два наврати се појави во Porsche Supercup во 2013 и 2014 година, како и еднократно појавување во FFSA GT и ADAC GT Masters шампионатите, а исто така, тестираше и F1 болид од 2011-тата на патеката Ред Бул Ринг минатата година.

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *