Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / WRC: Јари-Мати Латвала во водство во очи на последниот ден од Рели Каталуња

WRC: Јари-Мати Латвала во водство во очи на последниот ден од Рели Каталуња

Драмата на Рели Каталуња продолжува со тоа што возачот на Toyota Јари-Мати Латвала стана четвртиот различен лидер кој се најде во водство на релито

После брзинските испити во саботата Финецот ја брка својата прва победа после 20 месеци во Светскиот Рели Шампионат.

Променливите временски услови на Рели Каталуња бараа од возачите доста големи ризици, додека крајно критичните услови на попладневните асфалтни патеки им зададоа огромни потешкотии поради силниот дожд.

Откако Танак се здоби со пукната гума на последниот брзински испит во саботата изутрината, што го чинеше 32.9 секунди предност и водство на релито, Дани Сордо кој се води како повратник во Hyundai, се најде во водство на домашното рели.

Но Сордо го загуби водството при првото проаѓање низ брзинскиот испит Савалиа, откако брзинецот беше откажан поради лошата позиција на гледачите, што предизвикуваше опасност за нив, а огромна вознемиреност кај организаторите.

Воедно, Сордо на 13-от брзински испит беше најспор од WRC возачите, па затоа падна на шестата позиција.

Тоа му овозможи на Латвала кој беше доста константен, да украде разика од 4.7 секунди и покрај лошите перфомранси на обратниот Ел Монтмел брзинец.

Откако Танак призна дека шансите за шампионската титула му се веќе недостижни, Себастиен Ожие од петтата позиција се искачи на втората, бркајќи го лидерот во шампионатот Тиери Невил.

Но Ожие сеуште работи на враќање на драгоцено време од 13-от брзински испит. Брзинецот започна на суви услови, дозволувајќи му на Невил да направи најбрзо време на меки гуми, иако Ожие на дождовни гуми беше за само 0.9 секунди поназад.

Откако неговиот брзинец заврши, настапија влажни услови. Тоа значеше дека Себастиен Леб не беше во можност да ја искористи предноста на меките гуми, па затоа падна во поредокот позади Ожие.

Условите започнаа да се влошуваат, за оние позади него, додека Леб дојде до огромни шанси за подиум со 1.3 секунди пред четврто пласираниот Елфин Еванс.

Тиери Невил се наоѓа на петата позиција пред Дани Сордо и Есапека Лапи на шестата и седмата, со Лапи кој со голема брзина во шестиот степен на менувачот се изврте на 13-от брзински испити загуби драгоцено време.

Крег Брин кој се жалеше на најлошиот брзинец кој го возел во неговиот живот, се наоѓа на осмата позиција пред Танак на деветтата.

Проблемите со менувачот на му дозволија на Ерик Камили да ја задржи десеттата позиција, предавајќи му ја на возачот на Skoda Fabia Кале Рованпера.

Како работите течат, очекуваме доста промени во последниот ден од релито, недела.

Фото: wrc.com

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *