Sunday , April 18 2021
Home / Latest Articles / WRC: EKS тимот го открија Audi A1 Quattro со Rally2 спецификации

WRC: EKS тимот го открија Audi A1 Quattro со Rally2 спецификации

Победничкиот тим од Светскиот реликрос шампионат EKS JC, го лансираа проектилот Audi A1 Quattro Rally2 со кој ќе се натпреваруваат во Светскиот рели шампионат во Rally2 категоријата.

Бившиот World RX шампион и сопственик на тимот ЕКЅ, Матиас Екстром неодамна најави зголемена соработка со минатогодишниот тимски шампион, тимот JC Raceteknik со кого го формираа новиот тим, EKS JC, кој одржуваше автомобил Skoda Fabia R5 минатиот викенд на Arctic Rally Finland во WRC за Екстром.

Тимот излезе во јавност со нов проект, Audi А1 рели автомобил кој беше во соработка со Јужно Африканскиот рели тим Rally Technic, користејќи Rally2 кит. Rally2 е новото име на втората категорија на WRC автомобили.

Новиот А1 располага со 1.6 литарски турбо агрегат кој од себе вади 263КС, додека силата на четирите тркала ја пренесува 5-степен секвенцијален менувач. За развојната програма на автомобилот ќе биде задолжен FIA Junior WRC шампионот Емил Бергквист, прво на снежна и земјена подлога, а потоа на асфалтна.

Автомобилот ќе може да зема учество на национални и интернационални натпревари, почнувајќи од оваа година.

Check Also

TCR Europe: Душан Борковиќ се враќа во Европската TCR Серија

Српскиот автомобилски ас Душан Борковиќ ќе се врати на гридот во Европската TCR Серија оваа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *