Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / WRC: M-Sport во потера по Себастиен Леб!

WRC: M-Sport во потера по Себастиен Леб!

Познатиот WRC тим M-Sport на чело со Малколм Вилсон се обидуваат да ја донесат во тимот најголемата WRC ѕвезда, Себастиен Леб, кого започнаа буквално да го убедуваат да стане дел од нивниот тим во 2019 година

Имено, иднината на деветкратниот Светски шампион сеуште не е јасна, после одлуката на Peugeot да се повлече од Светскиот Реликрос шампионат, иако тој обезбеди договор да се натпреварува во Дакар 2019 со приватен тим позади волан на Peugeot.

Кратко откако дозна за откажувањето на Peugeot од Светскиот Реликрос шампионат, Леб дојде до неверојатна победа на Рели Каталуња, третата рунда од трите закажани кои ги имаше во програмата со Citroen за оваа сезона во Светскиот Рели шампионат.

Извршниот директор на PSA групацијата Карлос Таварес веднаш посочи дека Леб останува во договор со Peugeot-Citroen, додека извршниот директор на Citroen Линда Џексон исто така изјави дека Леб сеуште ќе биде дел од нивните WRC планови за следната година.

Но победничкиот тим од минатата година го губи нивниот водечки возач Себастиен Ожие, кој ќе продолжи во Citroen следната година, а претседателот на тимот Малколм Вилсон се одлучи, ниту помалку ниту повеќе, туку за Себастиен Леб.

„Од секогаш сум бил негов фан и на она што може тој да го направи. Ги видеовме резултатите што ги направи оваа сезона и би било смешно да не пробаме да направиме соработка. Којзнае што може да се случи, но јас би бил многу заинтересиран за него во нашиот тим, додколку би се одлучил да се врати за цела сезона.“ – изјави Вилсон.

Леб претходно тестираше со M-Sport во 2005-тата година, со можности да се приклучи на тимот во 2006, но сепак Леб се одлучи да се врати во полу-фабричкиот тим Kronos Racing на Citroen, со кој повторно ја освои титулата таа година.

„Беше фантастично да се види Леб во автомобилот во тоа време. Знаевме што сакаме и знаевме дека можеме да набавиме средства за тоа. Но на крајот тој сакаше да остане со Citroen. Јас мислам дека тој знаеше дека Citroen ќе влезе со фабрички тим и дека ќе направат долгогодишен договор со тимот за местото позади воланот на новиот автомобил во 2007. Тој беше Француски возач, во Француски автомобил, со Француски тим.“ – заврши Вилсон.

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *