Saturday , July 20 2019
Home / Latest Articles / WRC: Toyota ќе развиваат R5 автомобил

WRC: Toyota ќе развиваат R5 автомобил

WRC2 категоријата во склоп на Светскиот рели шампионат станува доста возбудлива…

Фактот дека оваа класа ќе остане непроменета уште долго време, дојде од изјавата на ФИА бидејќи и челниците на Светската автомобилистичка федерација заклучи дека класата R5 автомобили (WRC2 спецификации) е доста добра рели платформа, а се планира да потрае во иднина.

По тој повод, Томи Макинен директорот на фабричкиот тим на Toyota во Светскиот рели шампионат најави развој на Toyota Yaris R5, бидејќи Toyota е единствениот тим од четирите фабрички WRC тимови кој нема R5 автомобил.

Вистинската причина за досегашното отсуство на Јапонскиот бренд во оваа категорија е недостатокот на одговарачки агрегат од 1600 кубни сантиметри во палетата на Toyota.

„Очекуваме нов автомобил и нов агрегат во иднина за сериско производство, а токму тоа ни е потребно. Но сепак мораме да почекаме до издавање на валидна хомологација и број на производство од тој агрегат, за да можеме да продолжиме официјално.“ – изјави Томи Макинен.

Check Also

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *