Wednesday , April 24 2019
Home / Latest Articles / WSBK Асен: Првата трка е презакажана поради снежна олуја

WSBK Асен: Првата трка е презакажана поради снежна олуја

На крајно ниски температури од дури 3 степени, започна да паѓа снег на патеката поради што стартот на првата трка закажана денес на патеката Асен беше одложен.

Кога после 28 минути организаторите одлучија да ја стартуваат трката, снегот повторно го зафати регионот. Тоа доведе до повторно одложување на стартот, а подоцна и до откажување на трката.

После краткиот состанок на организаторите, одлучено беше првата трка да стартува утре (недела) во 11:00 часот.

Check Also

WRC: Toyota ќе развиваат R5 автомобил

WRC2 категоријата во склоп на Светскиот рели шампионат станува доста возбудлива… Фактот дека оваа класа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *