Sunday , March 7 2021
Home / Latest Articles / WTCC Аргентина: Ерлахер и Lada победници во првата, Михелис и Honda во втората трка

WTCC Аргентина: Ерлахер и Lada победници во првата, Михелис и Honda во втората трка

После освојувањето на пол позицијата на Ники Катсбург позади воланот на Volvo, за него започна малерозниот викенд во Аргентина. Тој не успеа да освои ниту еден поен изминатиот викенд поради две пукања на гуми на неговиот автомобил.

Во првата трка возачот на RC Motorsport Јан Ерлахер, успеа да дојде до првата победа во неговата кариера во WTCC шампионатот токму на патеката Термас де Рио Ондо во Аргентина и покрај тоа што помина втор низ целта, со тоа што Том Чилтон кој помина прв, беше казнет со 5 секунди поради неферско проаѓање на французинот на стартот од трката. Ерлахер стартуваше од пол позицијата во првата трка, но уште во првиот свиок позади него се случи незгода помеѓу возачите на Honda, Михелис и Монтеиро со тоа што Монтеиро налета на Михелис после што Михелис се здоби со експлозија на предната гума поради што мораше да се повлече во питот за промена на гумата. Потоа следеше неспортското проаѓање на Ерлахер од страна на Чилтон за што тој доби казна од 5 секунди. Во вториот круг Гериери имаше добар напредок проаѓајќи го Volvo-то на Бјорк за четвртата позиција водејќи ги трите Volvo-а на Бјорк, Катсбург и Гиролами. Бјорк пробаше да ја врати четвртата позиција, но отиде прешироко повлекувајќи го и Гиролами зад себе, со тоа што Катсбург успеа да дојде на 5-тата позиција како и Монтеиро позади него на 6-тата позиција. Веќе на седмиот круг Катсбург мораше да се откаже поради пукање на предната лева гума, а Гиролами се повлече во боксот поради механички проблем, од што Монтеиро доби уште повеќе поени на своја сметка. Ерлахер излезе како победник на првата трка, донесувајќи си себеси и на својот тим прва победа оваа сезона. Позади него на втората позиција пристигна Меди Бенани, додека третото место на подиумот го обезбеди домаќинот Естебан Гериери, а топ 5-те ги комплетираа казнетиот Чилтон и Тиаго Монтеиро. Во топ-10 влегоа Бјорк, Хаф, Филипи, Коронел и Мичигами.

Додека во втората трка, малерот од првата трка Михелис го преправи во победа што воедно значеше и втора победа за него оваа сезона, после што се најде како трет во генералниот пласман кај возачите, а Катсбург повторно не успеа да освои поени поради уште еден проблем со гума на неговиот автомобил. Како што рековме погоре, Катсбург беше најбрзиот на квалификациите кој тргна прв во главната (втора) трка. Но подоцна во првиот круг Михелис го превзема водството и започна да ја води трката. Естебан Гериери немаше баш добар старт на трката кој ги примора Гиролами и Чилтон да излезат од патеката за да избегнат контакт. И покрај тоа Гиролами успеа да го пројде Гериери за 5-тата позиција, но поради грешка мораше да ја предаде освоената позиција од својот сонародник. Се беше тивко на чело од колоната до 7-от круг. Катсбург со нетрпение го чекаше проаѓањето низ целта и доаѓање до неговата втора победа оваа година, кога одненадеж повторно пукна неговата предна лева гума на неговото Volvo, предавајќи му ја лидерската позиција на Михелис од Honda. Михелис предводеше 1-2 победа за Honda, со Тед Бјорк на последната позиција на подиумот, додека Гериери и Бенани ги комплетираа то 5-те, а во топ 10 влегоа Гиролами, Чилтон, Ерлахер, Хаф и Коронел.

Check Also

ETCR: Микел Аскона го потврди своето учество во електричниот TCR шампионат

Станува интересно со електрифицирањето… Шпанскиот возач Микел Аскона го потврди неговото учество во првата сезона …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *