Friday , April 20 2018
Home / Автомобилизам / WTCC: Викендов започнува WTCC шампионатот; погледнете што не чека во Мароко

WTCC: Викендов започнува WTCC шампионатот; погледнете што не чека во Мароко

За тркачките зависници паузатa од трка до трка е долга пауза, а споредете колкава е зимската пауза од сезона до сезона… Со нетрпение ја очекувавме, но конечно ја дочекавме 2017 сезона во Светскиот шампионат на туристички автомобили (WTCC)…

Овој викенд на патеката Мулај Ел Хасан во Мароко стартува WTCC шампионатот. Оваа година овој престижен шампионат се сведе на само два фабрички тимови – Honda и Volvo, но присутни се и Chevrolet, Lada и Citroen, но во приватни тимови. Од фабричките тимови наговестуваат напад на титула, Роб Хаф го претстави Citroen-от како апсолутно недостижен… Имаше доста најави од различни возачи за автомобилите кои ги возат дека се доста брзи, но сепак мораме да почекаме и да погледнеме како ќе се движат работите овој викенд. Роб Хаф со неговиот приватен Citroen беше недостижен на предсезонскиот тест на Монца, додека пак Honda не се загрижени од брзината, Volvo се слушна дека воопшто не ги покажале вистинските перформанси, а исто така и Том Чилтон најави борба за титулата. Доста најави и голем број на борби беа закажани пред почетокот на оваа сезона, наспроти крајните потешкотии на промотерот на шампионатот да соберe минимална бројка од 15 автомобили…

Како е склопено сето тоа, ќе видиме токму овој викенд Маракеш каде ќе стартува 2017 сезона во Светскиот шампионат на туристички автомобили. Но да се запознаеме со полу градската патека. Патеката Мулај Ел Хасан беше трансформирана од улична патека во полу тркачки круг за 2016-та година, а лоцирана е во срцето на раздвижена хотелска област . Изградена според FIA Grade II стандарди, оваа патека е изградена од познатиот Херман Тилке и е долга 2.971 километри (намалена од оригиналната должина од 4.545км). Домаќин на оваа патека е Меди Бенани, кој привлекуа огромен број на гледачи кои покрај него започнаа сериозно да го пратат и целиот Светски шампионат.

Пет факти за оваа тркачка патека:

1. Пристигнувањето на WTCC караванот во Мароко во 2009 ја означи првата одржана интернационална трка после Гран При Казабланка во 1958 година, каде победи познатиот Стирлинг Мос, кој на крајот ја загуби титулата од Мајк Хоторн.

2. Првата WTCC трка во Мароко ја победи Роб Хаф во Chevrolet после најбрзото време постигнато на квалификациите, а во втората трка заврши на третата позиција позади победникот Иван Милер (SEAT).

3. Непобедливиот фабрички тим на Citroen стартуваше како што беше планирано во 2014, на стартот од новата TC1 ера со Хозе Мариа Лопез кој победи во првата трка, додека во втората, историска победа извојува Себастиен Леб.

4. Официјални јазици во Мароко се Берберски и Арапски. Оваа посебна група на Мароканско-Арапски дијалекти колективно се познати како Дарија. Исто така, Француски, Шпански и Англиски се јазици кои се зборуваат во Мароко.

5. Мароканецот Меди Бенани е првиот Арапски возач кој победил на Светско натпреварување во рамките на ФИА кога триумфираше на трката на патеката Шангај во Кина во 2014-тата.

Што се случи во 2016?

Приватниот возач Том Коронел победи во првата трка кој успеа да го издржи притисокот од Светскиот шампион Лопез и дојде до триумф после последната извојувана победа во 2013 година. Работите станаа крајно драматични кога во втората трка условите на патеката драстично се променија откако заврна дожд. Патеката се претвори во лизгалиште каде беше потребна огромна концентрација за да се остане на неа. Роб Хаф извојува победа, предводејќи 1-2-3 за Honda, со Михелис и Монтеиро позади себе. Но Honda автомобилите беа дисквалификувани на техничкиот преглед после трката, резултирајќи со победа за Лопез, додека на втората и третата позиција застанаа Иан Милер и Габриеле Тарквини.

Информации за патеката:

Должина: 2.971км
Должина на прва трка: 18 круга (53.478км)
Должина на главна трка: 21 круг (62.391км)
Најбрз круг на квалификации: Хозе Мариа Лопез (Citroën C-Elysée) 1:22.024с (просечна брзина 130.3 км/ч)
Најбрз круг на трка: Хуго Валенте (LADA Vesta) 1:23.087 (просечна брзина 128 км/ч)

Check Also

F1: Ферстапен: Не ми е потребен психолог

Возачот на Red Bull Racing, Макс Ферстапен, вели дека веќе го оставил позади себе Кинеското …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *