Monday , August 20 2018
Home / Latest Articles / WTCC: Возачот на Хонда Тиаго Монтеиро доживеа катастрофална незгода

WTCC: Возачот на Хонда Тиаго Монтеиро доживеа катастрофална незгода

Во текот на рутински тест на патеката Каталуња во Барселона на 6 септември, водачот во генерален пласман во Светскиот туринг шампионат доживеа катастрофална незгода на првиот свиок после стартно целната рамнина, излетувајќи со прилично голема брзина.

Тиаго беше извлечен од автомобилот со помош на медицинските лица кои беа присутни на патеката и беше експресно пренесен во болница. Тој нема сериозни повреди или скршеници, но ќе мора да биде задржан во медицинскиот центар поради надгледување на неговата состојба. Откако докторите одлучија дека треба да остане под медицински надзор, беше одлучено дека ќе биде пуштен во понеделник после што ќе биде пренесен во Португалија, неговата родена земја каде ќе биде продолжено неговото лекување.

Check Also

WRC Германија: Танак во водство, Ожие засега без одговор (ВИДЕО)

После победата на Рели Финска, От Танак продолжи со водство и на првите брзински испити …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *