Sunday , January 21 2018
Home / Автомобилизам / WTCC: Иван Милер сепак потпиша за Volvo

WTCC: Иван Милер сепак потпиша за Volvo

Иван Милер, 4-кратниот WTCC шампион после доста преговори потпиша за Polestar Cyan Racing, но како развоен возач, но и како советник на тимот оваа сезона.

Милер го најави своето повлекување од тркањето при крајот на минатата година после три сезони поминати со Citroen и единаесет години поминати во шампионатот. Но брзо потоа беше приметен на тајно тестирање со Polestar со позади воланот на Volvo S60 TC1 на почетокот од оваа година. Милер ќе вози за тимот на официјалниот предсезонски тест на Монца следната недела, додека Ники Катсбург ќе отсуствува поради тркачки обврски на Себринг.

„Да се започне соработка со Cyan Racing е нешто посебно. Развојната програма минатата година им беше доста силна, а ние заедно направивме доста добар напредок во текот на зимските тестирања. Со нетрпение очекувам да продолжиме со развојот на автомобилот, како и на тимот.“ – изјави Милер.

Со фактот дека Милер е еден од најдобрите возачи со кого фабрички тим може да соработува и да научи доаѓаме до заклучок дека автомобилот и тимот ќе дојдат до она ниво кое ќе им овозможи повеќе победи и поголеми шанси за освојување на титулата кај возачите, но и кај конструкторите. Очекуваме интересна сезона, што мислите вие?

Check Also

Дакар 2018, 13 Етапа: Драматичен пресврт кај камионите! Вилагра е надвор од релито, Николаев поблиску до трета победа на Дакар!

Драмата помеѓу Вилагра и Николаев заврши, останува русинот да продефилира до целта на последната етапа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *