Monday , June 18 2018
Breaking News
Home / Автомобилизам / WTCC: И Нестор Гиролами цели на титула во WTCC оваа сезона…

WTCC: И Нестор Гиролами цели на титула во WTCC оваа сезона…

Третиот возач на Volvo Нестор Гиролами изјави дека главниот фокус оваа година му е ставен на освојување на шампионаската титула кај возачите, па затоа одби понуда за да се врати во Super TC 2000 шампионатот кој му беше понудено да учествува паралелно со WTCC шампионатот

27-годишниот Гиролами ќе се натпреварува за прв пат во целосна сезона, оваа година со Volvo. Тој сега го замени неговиот сонародник Хозе Мариа Лопез во освојување на срцата на Аргентинската публика во WTCC шампионатот. Иако оваа година ниту една трка од Super TC 2000 шампионатот не се поклопува со ниту една трка од WTCC тој одби секакви други обврски. Шампионот од 2014 и 2015 од Аргентинскиот Super TC 2000 шампионат кој се пресели во Гетеборг токму покрај базата на Cyan Racing изјави дека нема да вози два шампионати:

„Пробаа да ме убедат да влезам во Super TC 2000, но јас сакам целиот мој фокус да го ставам на WTCC шампионатот. Ова е голема шанса за мене, па затоа морам сите напори да ги насочам кон овој шампионат.“ – изјави Гиролами.

Гиролами се потпира на неговиот тркачки инженер Јоан Сервиа, кој му се приклучи на Шведскиот тим доаѓајќи од Lada оваа година. Сервиа работеше со Роб Хаф од 2013 до 2015 во Münnich и Lada, а исто така и со Габриеле Тарквини минатата сезона, освојувајќи шест победи.

Check Also

Ридска Трка Глава Зете – Радуловиќ најбрз, Јакшиќ веднаш позади (Резултати од тренинг)

Овој викенд можевте да бирате помеѓу две квалитетни трки, ридската во Црна Гора – легендарната …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *