Wednesday , October 17 2018
Home / Автомобилизам / WTCC: Роб Хаф е самоуверен: „Volvo и Honda нема да го стигнат Citroen-от“

WTCC: Роб Хаф е самоуверен: „Volvo и Honda нема да го стигнат Citroen-от“

Роб Хаф чувствува шанси за втора титула за него во Светскиот шампионат на туристички автомобили после дводневниот тест минатата недела на патеката Монца во Италија, каде беше најбрз на четирите тест сесии одржани во два дена

Хаф успеа да направи предност од 0.7 секунди од секој возач кој возеше со транспондер во текот на двата дена, со Volvo кои ги криеја направените времиња на вториот ден од тестирањето. За Хаф ова беше второ возење позади воланот на супер брзиот и победнички Citroën C-Elysée WTCC, додека останатите конкуренти во Chevrolet, Lada и Honda беа импресионирани од брзината на Францускиот автомобил.

„После моите први кругови во Шпанија, сфатив како тие ги освоиле трите титули во Светскиот шампионат толку лесно. Секој туринг автомобил кој сум го возел досега имал неколку тикови или проблеми, но овој автомобил го нема тоа, туку работи беспрекорно. Сите зборуваа за тоа колку овој автомобил е тежок за возење, но кога јас го возев за прв пат во Шпанија, тоа беше инстант конекција помеѓу мене и него. Не викам дека ќе бидеме најбрзи секогаш, туку сакам да кажам колку добро се чувствувам во автомобилот.“

Најблискиот од фабричките ривали беше бившиот тимски колега на Хаф, Тиаго Монтеиро со Honda, кој беше за нешто малку повеќе од 1с. поназад, додека најбрзо време од возачите на Volvo имаше Нестор Гиролами со заостанување од 1.3 секунди.

„Ја познавам Honda-та многу добро. Минатата година бев вмешан во она што го планираат за оваа година, но јас искрено мислам дека не би можеле да го стигнат овој автомобил. Исто така мислам дека и Volvo се далеку, т.е. подалеку од Honda во растојание во споредба со Citroen-от. Мислам дека ќе бидат брзи и ќе бидат близу, но не верувам дека ќе можат да го пројдат овој автомобил.“ – јасен самоуверен беше шампионот од 2012-тата Роб Хаф.

Фото: WTCC  Media

Check Also

Вуков после Скопски Круг: Прекрасно е чувството да се настапи на домашна трка!

Иако како гостин на Скопски Круг, Македонскиот автомобилист Ристо Вуков одлучи да настапи на домашен …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *