Thursday , October 19 2017
Home / Latest Articles / WTCC: Трета Lada се враќа во Светскиот шампионат!

WTCC: Трета Lada се враќа во Светскиот шампионат!

Познато е дека WTCC шампионатот е жртва на голем дефицит од автомобили, а тоа е проблем со кој се справува промотерот на шампионатот Франсоа Рибеиро

Очигледно е дека поради тоа, имаме изненадување со враќање на третата фабричка Lada со која тимот на Lada Sport Rosneft се натпреваруваше во Светскиот туринг шампионат. Планот на францускиот тим RC Motorsport е да се претстават со три автомобили пред крајот на 2017 сезона, после повлекувањето на фабричкиот тим во 2016-тата.

Францускиот тим регистрираше два автомобили за цела сезона, со Јан Ерлахер кој настапуваше на сите рунди досега и Кевин Глисон кој започна од втората рунда на Монца. Третиот автомобил го нема истиот статус за влез во шампионатот, но претходно беше возен на патеката Вила Реал од домашниот возач Мануел Фернандес, додека на преостанатите рунди во Кина и во Јапонија ќе биде возен од возачот од Макау, Филипе де Суза.

Де Суза има претходно искуство во шампионатот, возејќи не неколку Азиски рунди во последните години од Super 2000 ерата помеѓу 2011 и 2014 година. Тој имаше 20 стартови, а неговиот најдобар завршеток беше 13-ти во Макау.

Check Also

MotoGP: Довициозо во последниот круг ја доби битката за Јапонското Гран При

Андреа Довициозо се доближи до лидерот во генерален пласман кај возачите, Марк Маркез, после борбата …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *