Saturday , July 20 2019
Home / Latest Articles / WTCR: Вервиш победник на возбудливата прва трка во Словачка

WTCR: Вервиш победник на возбудливата прва трка во Словачка

Возачот на Comtoyou Racing Фредерик Вервиш успеа да дојде до неговата прва победа оваа сезона, на првата трка на патеката Словакиаринг.

Возачот на Audi стартуваше од деветтата позиција, за да заврши на првата позиција после кратка борба со Ма Чин Хуа. Иако на стартот патеката започна да се суши, сепак возачите се најдоа во доста лоши услови, стартувајќи со гуми за суво.

Ники Катсбург кој стартуваше од пол позицијата, не се снајде баш добро, губејќи го водството уште во првиот свиок од Ма Чин Хуа за на крајот од првиот круг да падне и до шестата позиција.

Но за разлика од него, Вервиш имаше перфектен старт, освојувајќи неколку позиции до четвртиот свиок, а веќе на крајот од првиот круг се најде на втората позиција позади Ма и неговата Alfa Romeo.

Уште во првиот свиок, поради меѓусебен контакт надвор од трката се најдоа Нестор Гиролами и Нилс Лангевелд, после што безбедносниот автомобил излезе на патеката додека дас е тргне автомобилот на Гиролами.

После повлекувањето на безбедносниот автомобил акцијата продолжи и тоа доста жестоко. Норберт Михелис го напаѓаше Ма до последен момент, но Ма успеа да се одбрани, а на Михелис му остана последното место на подиумот.

Жан-Карл Верне заврши на четвртата позиција, пред Аугусто Фарфус и Габриеле Тарквини на петтата и шестата позиција. Ники Катсбург од првата стартна позиција успеа да заврши на седмата, пред Том Коронел на осмата, Микел Аскона на деветтата и Лука Енгстлер на десеттата позиција.

Во оваа група се водеше доста интересна борба, додека надвор од се беа Приол, Ерлаше и Бјорк во Lynk & Co 03 TCR завршувајќи на последните три места покажувајќи катастрофални резултати.

Трката не ја завршија Панис, Бенани, Чекон и Гиролами.

Check Also

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *