Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за победа – Роб Хаф, проаѓајќи го и Иван Милер кој е фаворит за титулата кај возачите.

На стартот Верне веднаш започна да го отвара својот пат напред, проаѓајќи во Гериери кој се мачеше со максималната брзина на својата Honda на правците, додека пак Милер успеа да го пројде Хаф за да го превземе водството на познатиот свиок Лисабон, доаѓајќи на позиција каде можеше да освои максимум поени.

Кратко после тоа имаше излегување на безбедносниот автомобил поради контактот помеѓу Меди Бенани и Фредерик Вервиш после борбата за шестата позиција со Гериери. Трката беше рестартирана во третиот круг, со Верне кој експлодираше на патеката проаѓајќи го Милер за водство.

Потоа Французинот започна со одбрана на позицијата од Милер и Хаф кои беа побрзи од Audi-то кое носеше 60кг дополнителна тежина, но едноставно не можеа да му се приближат во првиот сектор за да можат да направат потег за загрозување на неговата позиција.

Следен прекин беше црвеното знаме поради ударот и блокирањето на патеката од страна на Гордон Шеден. Откако продолжи трката Верне до целта остана недопирлив, со Милер позади него и Хаф кој беше видно зачуден за брзината на Audi-то.

На четвртата позиција заврши Тарквини, пред Михелис на петтата, додека шести пристигна Естебан Гериери. Седми заврши Пепе Ориола, пред Тимо Шејдер на осмата позиција, додека топ 10-те ги заокружија Лиуџи Ферара на деветтата и Мато Хомола на 10-тата позиција.

Тарквини сеуште води во генерален пласман кај возачите со 33 поени од 55 кои се на располагање, додека втората трка ќе започне во недела од 01:20 часот.

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *