Wednesday , September 19 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / WTCR викендот доби форма; две квалификациски сесии и три трки во 2018

WTCR викендот доби форма; две квалификациски сесии и три трки во 2018

Новиот FIA WTCR World Touring Car Cup оди по стапките на BTCC со три трки по викенд во 2018, заедно со две квалификациски сесии во сабота и недела на секој тркачки викенд

После официјалната потврда во средата за спојувањето на WTCC шампионатот и Интернационалната TCR серија во две годишен WTCR куп, излегоа дополнителни детали. Во сабота ќе бидат одржани две слободни тренинг сесии и 30 минутни квалификации пред првата трка која ќе се одржи подоцна истиот ден.

Во недела на програмата ќе биде квалификациска сесија поделена во три дела Q1, Q2 и Q3 пред двете трки кои ќе следат. Стартот на втората трка ќе биде одреден според првите десет возачи во Q2 но со обратен редослед како вo WTCC, додека стартниот редослед на третата трка ќе биде одреден од комбинираниот квалификациски поредок од трите дела на квалификациите во недела.

Бодувањето ќе биде на следниот начин:

1 трка: 27-20-17-14-12-10-8-6-4-2
2 трка: 25-18-15-12-10-8-6-4-2-1
3 трка: 30-23-19-16-13-10-7-4-2-1

Во календарот потврдени се 30 трки во десет рунди на четири различни континентии, но детали околу точните патеки или датуми сеуште не се објавени.

Секој тим ќе мора да има по два автомобили, додека стартнината за двата автомобили ќе изнесува 150.000 евра. Дозволена е максимална бројка од 26 автомобили за цела сезона, со можност за 2 автомобили кои ќе можат да се пријавуваат еднократно на евентите од календарот.

Фабрички тимови не се дозволени во WTCR купот, но никој не може да ја контролира поддршката на приватните тимови од одредена фабрика. Затоа јавна тајна е дека ќе постојат неколку фабрички тимови во сенка, што значи дека малите тимови (со мали буџети) тешко ќе го пронајдат своето место во овој Светски куп.

Приоритет на покана имаат моменталните TCR и WTCC тимови, а после тоа ќе се комплетира бројот од 26 автомобили и 13 тимови, после што доколку има слободни места ќе може да влезе нов тим.

Мириса овде на жестоко тркање, што мислите вие?

Check Also

Маестрално возење на Вуков на Ушче; Од 13-та позиција до прва, но не и до победа…

Изминатиот викенд на уличната патека Ушче во Белград се одржа финалето на шампионатот на кружни …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *