Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / WTCR: Втората и тратата трка на Сузука, проследени со контакти и жестоки борби за позиции!

WTCR: Втората и тратата трка на Сузука, проследени со контакти и жестоки борби за позиции!

Втората и третата трка на патеката Сузука во Јапонија кои се одржаа денес, во раните утрински часови според Средно Европско Време, донесоа многу интересни податоци пред финалето на градската трка во Макау…

Имено, возачот на Sebastien Loeb Racing Роб Хаф, после вистинското мачење низ половината на оваа сезона дојде до неверојатна победа во втората трка на патеката Сузука во Јапонија, завршувајќи пред Пепе Ориола кој стартуваше од пол позицијата, а не можеше ништо да направи покрај расположениот Британец кој стартуваше од втората позиција. Ова е прва победа за Хаф, после победата во втората трка на Хунгароринг во Април.

Хаф, после перфектниот старт од гридот се најде на првата позиција после кратката борба на стартно целната рамнина со Пепе Ориола. Но не пројде се безбедно, со тоа што позади нив Меди Бенани и Естебан Гериери имаа контакт помеѓу себе и завршија во бариерите, при што безбедносниот автомобил мораше да излезе на патеката.

Трката продолжи во третиот круг, но Хаф и Ориола веднаш се одвоија од Дени Дипон, додека победникот од првата трка Кевин Чекон повторно покажа дека има брзина, проаѓајќи го Бенани за осмата позиција. Ова дефинитивно не беше досадна трка. Потоа Михелис го пројде Дипон за третата позиција и се пушти во брканица со Пепе Ориола кој не се откажа така лесно од втората позиција, а Дипон остана да се брани од Орелиен Панис.

Во седмиот круг Чекон го пројде неговиот ривал од вчерашната трка Орелиен Комт за седмата позиција, пуштајќи се во борба за позиција со Тарквини. На три круга до крајот Дипон одеднаш го загуби своето темпо и падна три позиции поназад, позади Панис, Тарквини и Чекон, при што заврши на седмата позција.

Хаф победи со предност од 1.4 секунди, додека петтата позиција на Тарквини значи дека тој се враќа на чело во генералниот пласман после втората трка, со десет поени предност пред Иван Милер кој заврши на 11-тата позиција, надвор од поени.

Поредокот на првите десет изгледаше вака: Хаф, Ориола, Михелис, Панис, Тарквини, Чекон, Дипон, Комт, Бенани, Ерлаше.

Третата трка беше многу повозбудлива од втората. Во третата трка како победник излезе Габриеле Тарквини во трка која изобилуваше со контакти и борби за позиција. После оваа победа Тарквини ја зголеми бодовната предност на 39 поени во генералениот пласман, со тоа што неговите главни ривали се мачеа да освојат поени.

Кевин Чекон беше оној кој стартуваше од пол позицијата на главната трка, но уште на првиот свиок, поради лошиот старт, тој падна на четвртата позиција, за разлика од Габриеле Тарквини имаше доста добар старт избивајќи на првата позиција, следен од Јан Ерлаше и Орелиен Комт.

Но Чекон за брзо време се врати во игра, проаѓајќи го Комт на крајот од првиот круг, но и Ерлаше во вториот круг во првиот свиок. Потоа се пушти во бркање на Тарквини, а во меѓувреме Honda-та на Ерлаше губеше темпо поради технички проблеми.

За кратко трката буквално експлодираше, со Пепе Ориола и Иван Милер кои се најдоа во центарот на акцијата. Бевме сведоци на голем број проаѓања. Ориола најпрво го пројде Михелис со контакт на крајот од првиот круг, а потоа се најде на осмата позиција кога Естебан Гериери удри во старничниот дел на автомобилот на Иван Милер, со тоа што Милер го загуби темпото за борба со Ориола.

Во шестиот круг Чекон го превзема водството од Тарквини, веднаш откако беше објавена информација дека Италијанецот доби казна од пет секунди поради преран старт, додека Ерлаше се откажа од третата позиција поради проблем со гумата на неговиот автомобил, при што се откажа од трката, а воедно и од борба за титулата.

Во меѓувреме Гериери беше на чело на возот од автомобили кој го формираа Ориола, Милер, Хаф и Михелис. Борбата за позиција значеше и притисок, па затоа Ориола и Хаф поради грешка ја скратија шиканата во седмиот круг.

Ориола успеа да го пројде Гериери во осмиот круг, додека Хаф ја искористи можноста и се провлече пред Милер, а исто така започна борба и со Гериери, превземајќи ја и неговата позиција откако Аргентинецот отиде прешироко, поради потрошените гуми.

На два круга до крајот во оваа група имаше доста контакти, со Милер кој беше удрен од Михелис, за да отиде прешироко и да ја загуби позицијата која му носеше поени.

Ориола, кој исто така е претендент за титулата, премногу пати ја скрати патеката, после што му беше дадена казна проаѓање низ бокс, паѓајќи на 19-тата позиција.

Во топ 10-те во третата трка влегоа: Тарквини, Комт, Чекон, Бенани, Панис, Хаф, Вервиш, Бјерк, Михелис и Верне.

Следната и последна рунда е низ улиците на Макау, која ќе се одржи од 15 до 18 Ноември.

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *