Saturday , July 20 2019
Home / Latest Articles / WTCR Вухан: Верне победник од старт до цел во првата трка

WTCR Вухан: Верне победник од старт до цел во првата трка

Францускиот возач Жан-Карл Верне успеа да извојува сигурна победа од старт до цел, откако ја освои пол позицијата за првата трка на Вухан во Кина изутринава.

И покрај брзото темпо Пепе Ориола не успеа да му ги расипе плановите на Верне, завршувајќи на втората позиција, пред Гордон Шеден кој го пополни последното место на подиумот.

Четврти на целта пристигна Јан Ерлаше, пред Фредерик Вервиш на петтата позиција. Шести беше Орелиен Комт, додека позади во поени влегоа Чекон, Гериери, Бертон и Панис.

Check Also

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *