Wednesday , October 17 2018
Home / Latest Articles / WTCR Вухан: Овој пат Audi со доминација на квалификациите

WTCR Вухан: Овој пат Audi со доминација на квалификациите

Изутринава беа возени квалификациите за првата трка од тркачкиот викенд на патеката Вухан во Кина

Вухан е градска патека која како и секоја патека од овој тип важи за доста опасна. На вакви патеки токму Роб Хаф може да извлече најголем бенефит, но сепак, Жан-Карл Верне беше оној кој ја освои пол позицијата за првата трка.

Овој пат бевме сведоци на апсолутна доминација на Audi со пет Audi автомобили во првите шест, но со исклучок на една Cupra, онаа на Пепе Ориола , со која Шпанскиот возач се најде веднаш позади Верне на временската листа.

Трето најбрзо време имаше Натанаел Бертон, пред Дени Дипон, Гордон Шеден и Фредерик Вервиш на шестата позиција. Седмо време имаше Јан Ерлаше во Honda, пред Кевин Чекон во Alfa Romeo, доодека веднаш позади него на деветтата и десеттата позиција во топ 10те влегоа два Peugeot автомобили, на Орелиен Комт и Мато Хомола.

Интересен податок е дека првите 10 возачи се наоѓаат во само четири десетти делови од секундата. Четирите водечки Hyundai автомобили на Бјерк, Милер, Тарквини и Михелис се наоѓаат на 17, 18, 21 и 24тата позиција што претставува вистински кошмар за нив, поради преголемата брзина на претходниот тркачки викенд на Нингбо, поради што беше употребено правилото “Баланс на Перформанси”, кое и тоа како ги пореметува плановите на сите возачи во ова натпреварување.

Покрај двата прекини со црвено знаме поради извртувањата на Шеден и Бертон, кои поминаа без никакви оштетувања, квалифиакациите поминаа во најдобар ред. Целосните времиња погледнете ги подолу, а стартот на првата трка следете го со почеток во 10:00 часот:

Check Also

WTCR Вухан: Верне победник од старт до цел во првата трка

Францускиот возач Жан-Карл Верне успеа да извојува сигурна победа од старт до цел, откако ја …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *