Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / WTCR: Гериери и Honda, на пол позиција за првата трка во Мароко

WTCR: Гериери и Honda, на пол позиција за првата трка во Мароко

Првиот освојувач на пол позицијата за оваа година е Аргентинскиот возач Естебан Гериери, за кого ова е прва пол позиција во Светскиот туринг куп

Позади него на втората и третата позиција се најдоа тимските колеги од Lynk&Co Иван Милер и Тед Бјорк. Веднаш до Бјорк од четвртата позиција ќе стартува Нестор Гиролами, додека петти и шести од третиот ред ќе стартуваат Тарквини и Верне.

За седмо место се избори Приол пред Монтеиро за осмата, додека Јан Ерлаше ќе стартува од деветтата позиција пред дебитантот Хеглоф кој се избори за десетта стартна позиција.

Вервиш, Хаф, Ха и Верне имаа проблеми со гумите, при што мораа буквално да се одвлечкаат до боксот за промена. На проблеми налетаа шампионот Тарквини и вицешампионот Милер, од кои првиот имаше проблеми со моторот, додека вториот налета на ивицата од патеката на првата шикана, оштетувајќи го картерот после што дојде до протекување на масло.

Милер мораше половина од сесијата да преседи во боксот поради поправки на неговиот автомобил. Тој уште на почетокот на сесијата имаше квалитетно време за да го задржи до крајот, губејќи само една позиција од Гериери.

Големи се шансите Милер да го промени моторот и менувачот при што ќе стартува од последната позиција, додека сите возачи после него ќе бидат поместени за по една позиција понапред.

Првата трка е на програмата денес од 17:45 часот.

Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *